ТАЖНА ВЕСТ: Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство.

-Секое поминување покрај неговата тезга тој ни даваше ластичиња за коса во разни бои, а потоа и шнолички. Се љутеше кога му остававме пари.

Годините си поминуваа тој остана сам на Рекорд, имаше денови кога трчав да видам дали му е добро… пред некоја година во најголемиот снег ми кажаа дека е на операција на Уво нос и грло, земав такси и го побарав…

Право налетав на докторот кој го познавам и ми ја покажа собата на чичко Драги, тој па кога ме виде почна да плаче, почна да ми покажува со раце дека го оперирале и дека повеќе неможе да збори… Поминуваа годините со ливчиња се разбиравме, ми пишуваше што му треба… а потоа јас заминав во Германија.

Во последно време му помагаа добрите луѓе, за кучињата, гулабите па и за него. Денес ми јавија дека починал. Не издржал човекот кој цел живот го помина на Рекорд, објавува Тина.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде