На 15 март 2026 година, во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид случена е сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Алфа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 63-годишник од охридското село Велгошти и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишно лице од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жена, сопатничка во возилото „Алфа“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште едно лице од Охрид, сопатник во возилото „Ауди“,
констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

