Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница, поради што сообраќајот на овој патен правец е во прекин.
Несреќата се случила во близина на „Рото М“, а на местото на настанот веднаш пристигнале полициски службеници, екипи на противпожарната служба и возило на Итната медицинска помош.
Според неофицијални информации од теренот, едно лице го загубило животот, додека две лица се здобиле со тешки повреди. Повредените се пренесени во болница за укажување лекарска помош.
Надлежните служби вршат увид на местото на несреќата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.


