Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави список на граѓани кои ги исполнија условите од Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со што се стекнаа со право на финансиска помош преку ваучер за набавка и вградување инвертер клима уред.
Станува збор за втората фаза од постапката, која следува по завршувањето на аплицирањето. Право на поддршка имаа домаќинствата кои до 5 октомври 2025 година поднеле барање со комплетна документација и ги исполниле критериумите предвидени со Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.
Списокот на корисници е јавно достапен на веб-страницата на Министерството.
Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата кои се на списокот ќе треба да се јават во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, со цел да ги подигнат ваучерите.
Деталите за потребната документација и постапката се објавени на официјалната интернет страница на Министерството.
За дополнителни информации, на располагање се и телефонските броеви 071-391-187 и 071-391-169.

