Страотна сообраќајна несреќа – едно лице го загуби животот

Возач го загуби животот, а три лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:40 часот се случи на патот Кочани – Виница, во атар на Виница.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.

– Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. 

Додека, со телесни повреди се здобиле, возачот на патничкото возило „фолксваген туран“ Ј.Т. и сопатниците од двете возила Г.Д.(65) од Штип и Ж.П.(58) од с.Истибања, виничко, констатирани во Општа болница Кочани, додаваат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде