Лошите временски услови во Хрватска предизвикаа сериозни прекини во сообраќајот, оставајќи ги камионите со приколки и шлеперите без слободен патен правец од внатрешноста кон Хрватското приморје и Истра.
Како што информираат од Хрватскиот автоклуб (ХАК), комбинацијата од снежни врнежи во Горски Котор и Лика и олујните удари на бура под Велебит наложи воведување строги забрани за одредени категории возила.
Поради силниот ветер, автопатот А6 Ријека-Загреб, на потегот меѓу Делнице и Чавле, е отворен исклучиво за патнички возила, објави 4news.mk Истовремено, поради зимските услови на државниот пат DC3, на сила е целосна забрана за тешки товарни возила, додека за сите останати е задолжително поседување на пропишана зимска опрема. Дополнителни ограничувања има и на автопатот А7 Рупа-Крижишќе, каде ветерот го оневозможува движењето на првата и втората група возила меѓу Ријека Исток и Шмрика.
Екипите на зимската служба се на терен за чистење и посипување на коловозите, што дополнително го забавува сообраќајот. Паралелно со временските неприлики, зголемен интензитет на возила е забележан и на загрепската обиколница (А3), каде поради градежни работи меѓу јазлите Косница и Јакушевец се создаваат колони.
Од ХАК апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на влажните и лизгави коловози, да одржуваат безбедно растојание и во никој случај да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, објави 4news.mk

