Го имаше еден од највпечатливите женски гласови: Почина познатата пејачка

Пријателите и обожавателите се простуваат со потресни пораки, додека причината за смртта сè уште не е официјално потврдена.

Музичката сцена во Романија е во жалост по ненадејната смрт на раперката Чика Кон Кана, чие вистинско име е Џанина Георгиу. Веста за нејзината смрт, на само 37-годишна возраст, предизвика бран реакции и тага кај колегите и публиката.

Нејзината смрт ја потврдија блиски лица, кои преку социјалните мрежи споделија емотивни пораки, опишувајќи ја како талентирана, харизматична и силна личност, но и како некој што водел тешки лични битки.

Меѓу оние што јавно се простија е и нејзината блиска пријателка Дана Марихуана, која истакна дека Чика Кон Кана била исклучителен уметник со препознатлив глас и интерпретација, особено на англиски јазик.

Имаше еден од највпечатливите женски гласови во романската рап-сцена. Планиравме нови песни… сега тие ќе останат само планови“, стои во нејзината порака.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде