Затворени локали, кренати со пајак непрописно паркирани возила: Синоќа полицијата со голема рација во старата скопска чаршија
Полицијата спроведе голема акција во старата скопска чаршија каде затворени се повеќе локали, кренати се автомобили со пајак, а меѓудругото биле легитимирани и малолетници.
Поточно, полицијата легитимирала дали низ лицата низ локалите се полнолетни. На лице место биле испратени повеќе од 10 полициски возила и службеници, но и неколку пајак возила кои ги кренале непрописно паркираните возила.
Инаку, локалите кои во нормални услови работат до 3 по полноќ вечерва затвориле во 1 часот по полноќ, а неофицијално дознаваме дека рацијата освен во чаршија била во повеќе локали низ Општина Центар, но и во локали низ Општина Аеродром.

