Зимата не се предава – Славчо Попоски најавува нови врнежи од снег

Почетокот на следната седмица, односно (понеделник и вторник 23/24 март 2026) повторно во Македонија ни носи повеќе облачност  и локални послаби врнежи од дожд а особено во вторник 24 март 2026 повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег.

Во Скопје и околината пак исто така во погоре споменатиот период повторно ќе има повеќе облаци со услови за слаб локален дожд а особено во вторник на 24 март 2026 ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 3  и 4 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 14  и 15 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде