Нови стравични детали: Телото пронајдено во Зрновци било обезглавено – што се крие зад ова убиство?

Во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска Река, беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање, кое било обезглавено и без други делови.

Телото е пронајдено во местото викано Ѓошевски Орев, а засега нема информации за нејзината идентификација.

Полицијата, пожарникарите и јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го пребараа поширокиот терен.

Се истражува дали на телото влијаел човек или животни, а истрагата ќе ги утврди и причините и временската рамка на смртта, што е клучно за идентификацијата и за насоката на понатамошната истрага.

Од МВР информираат дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот.

Жителите на Зрновци се потресени и посочуваат дека никој од нив не бил пријавен како исчезнат, ниту се барал од властите. Обдукцијата и истрагата ќе бидат клучни за разјаснување на оваа трагична и мистериозна смрт.

Видео: ТВ24

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде