Трагедија: Млад актер пронајден починат

Англискиот актер Џордан Рајт е пронајден мртов во канал на Тајланд, а последните часови од неговиот живот остануваат мистерија.

Животот на ријалити ѕвездата Џордан Рајт, познат по британските шоуа „The Only Way Is Essex“ и „Ex on the Beach“, трагично заврши на 33-годишна возраст, обвиткан со мистерија.

Неговото безживотно тело било пронајдено во одводен канал на тајландскиот остров Пукет, каде што се преселил пред само неколку месеци во потрага по, како што самиот рекол, „нов живот“.

Додека пријателите и семејството се простуваат од него, вознемирувачки снимки и сведоштва за неговите последни часови отвораат бројни прашања на кои тајландската полиција сè уште бара одговори.

Рајт бил пронајден од работник од Мјанмар, по што била известена полицијата.

Наводно претходно бил снимен од надзорни камери како нервозно се движи, по што бил пронајден починат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде