Мерката на владата за намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто не само што е задоцнета, туку нема да има никаков ефект, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Според него, поради непреземањето на мерки граѓаните до сега платиле 4,5 милиони евра поради повисоките цени на дериватите. Филипче тврди дека утре ќе поскапат и бензинот и дизелот.
„Граѓаните нема да видат во тек од на утрешниот ден, следната недела, следниот период вистинско намалување на цените на горивата кои што ќе ги плакат на бензинските пумпи, туку горивото очекуваме да се зголеми за дополнителни 4 до 6 денари согласно новата пресметка на цената.“, рече Венко Филипче.
Според Филипче, со непреземањето мерки веќе започнала инфлаторната спирала и почнаа да растат цените на храната кои праксата покажува дека веќе нема да се вратат на старото ниво. Затоа смета дека треба да се прифатат нивните мерки,а неда се носи само една половична мерка како што е намалување на ддв – то за нафтените деривати.
„Се прашувам со кое лице, без срам, излезе премиерот пред граѓаните со само една половична мерка? За да ни зборува колкави се цените на горивата во соседството? Па со што се занимаваше премиерот изминатите три недели? Со прослави на EПП на трошок на граѓаните, продолжен викенд со спинови, дефокус, навреди, недоличен речники, напади врз мене, лично до опозицијата и секако со лагите, дека сме биле четврта економија во светот.“, додаде Венко Филипче.
Лидерот на СДСМ вели дека Мицкоски ги штити само бизнис интересите на одредени компании и затоа не сака да го ограничи точењето на нафтените деривати за жителите од соседните држави кои што доаѓаат во Македонија за да ги наполнат резервоарите.

