Доаѓа уште еден продолжен викенд – испланирајте го на време

По овој изминат продолжен викенд, наскоро уште еден. Следниот мини одмор ќе биде за големиот христијански празник – Велигден кога ќе се одмара четири дена. 

Неработен ден за правсолавните верници во земјава ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани. 

Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за до крајот на 2026 година.

За сите граѓани на РСМ

  • 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден 
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот 
  • 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела)
  • 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела)
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) 
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба 
  • 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

  • 10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден)
  • 29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) 
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) 

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
  • 25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде