Американскиот претседател Донал Трамп соопшти дека со ирански претставници имале „многу добри и продуктивни разговори“ за целосно запирање на непријателствата на Блискиот Исток.
Во објава на Трут социјал, тој напиша дека разговорите биле детални и конструктивни и дека ќе продолжат во текот на неделата.
Трамп додаде дека, врз основа на досегашниот тек на преговорите, и наложил на администрацијата да ги одложи сите воени удари врз иранската енергетска инфраструктура за период од пет дена, под услов разговорите да продолжат успешно.
Ова претставува пресврт во реториката на Трамп, кој само пред два дена му даде рок од 48 часа на Техеран да го отвори ормутскиот теснец, заканувајќи се со уништување на иранските електрани.
Претходно, Трамп изјави дека не е заинтересиран за прекин на огнот, иако остави простор за разговори. Новата изјава сигнализира дека Вашингтон сега се обидува да отвори дипломатски канал паралелно со воениот притисок.

