Едно лице го загуби животот, а друго е повредено во сообраќајна несреќа на локалниот пат Клечовце – Шупљи Камен, на местото викано „Кантон“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 22 март 2026 година околу 17:00 часот, кога патничко возило „даеву тико“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (64) од Куманово, излетало од коловозот.
Според изјава на сопатничката, на возачот му се слошило и изгубил свест непосредно пред несреќата.
На местото на настанот, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај возачот, додека сопатничката Л.Д. (57) се здобила со телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Куманово.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

