Се враќа зимата – на планините ќе падне до еден метар снег

Почнувајќи од 26-ти март (четврток) па се до самиот крај од месецов од север кон јужна  и југоисточна Европа ќе се спушти значително поладен воздух кој ќе предизвика над Џеновскиот залив да дојде до

формирање на секундарен длабок циклонски систем и токму овој циклон ќе го зафати Балканскиот Полуостров  и во најголем дел ќе донесе обилни врнежи од дожд и снег, бурен ветер и нагло заладување на времето.

На планинските места особено во Босна  и во Горски Котар во Хрватска ќе падне многу снег и тоа од 50 до 80 сантиметри снег а локално и до 100 сантиметри снег.

Поради наглото заладување снежната граница особено во Хрватска  и во Босна ќе се спушти и на помала надморска височина па така врнежи од снег ќе има  и во дел од градовите.

Се на се, најскапо ова е го платат овошките кои се веќе расцветани а природата е веќе во значителна фаза на будење. Токму оваа голема промена на времето ќе донесе  и појава на утрински мразеви.

До утре (вторник 24-ти март 2026) следува детална метео анализа само за Македонија, токму околу тоа што точно ќе донесе овој зимски циклон кој ќе го зафати Балканот и ќе донесе многу дожд, снег, бурен ветер и мраз.

Метео анализа на Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде