Силен земјотрес ја погоди Франција

Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Франција денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри и на 35 километри од градот Орлеанс.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Да потсетиме, силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени е регистриран на дното на Тихиот Океан, во близина на Тонга.

Според податоците на Американски институт за геофизика, епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 238 километри под морското дно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде