На 23.03.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од охридско село, по претходна пријава за семејно насилство.
Според информациите, на 21.03.2026 во семејниот дом, тој физички ја нападнал својата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот,
по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

