Тешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

Вчера околу 18:15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на улицата „Бањешница“ се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во судирот учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар, и мотоцикл „кросер“, управуван од 19-годишен сограѓанин.

Како последица на несреќата, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентен центар Гостивар.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа, а се работи на утврдување на сите околности што довеле до несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде