Голф излета од патот – има повредени

Уште една тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта.

Вчера во 19:20 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце, на влез за с.Рогачево, општина Јегуновце,

патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(20) од с.Јажинце, општина Јегуновце, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.З.(20) од с.Јажинце, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде