Во Лесковац е уапсен државјанин на Македонија, осомничен дека со камион удрил пешак и не застанал по сообраќајната несреќа.
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Лесковац, во соработка со Полициската управа во Сремска Митровица, го уапсиле Н. К. (1993), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела – тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај и непружање помош на лице повредено во сообраќајна незгода, oбјави „Б92“.
Како што соопшти Полициската управа во Лесковац, тој се сомничи дека ноќеска, по полноќ, на автопатот кај местото Грделица, управувајќи камион, удрил 57-годишен пешак, по што го напуштил местото на сообраќајната несреќа.
Од здобиените повреди, пешакот починал на местото на настанот.
По интензивна работа, полицијата го идентификувала осомничениот, кој бил пронајден и уапсен на подрачјето на Сремска Митровица.
По налог на Основното јавно обвинителство во Лесковац, на осомничениот му е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.

