Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во болница

На 24.03.2026 во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки,

управувано од лице (56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде