19-годишник падна од балкон на зграда – со тешки повреди итно пренесен во болница

Млад Турчин се повредил при пад од балкон од зграда во скопски Карпош. 

– На 24.03.2026 во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.

Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

 Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде