Продолжуваат врнежите од снег – објавена прогноза за следните денови

Под влијание на релативно влажна  и ладна воздушна маса од север за време на викендов (сабота  и недела 28/29 март 2026) во Македонија времето ќе биде променливо облачно релативно ладно и со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен,

локално и со умерен интензитет а повремено ќе дува  и засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

На планините пак со надморска височина од над 1000/1100 метри врнежите ќе бидат од снег.

Во Скопје  и околината викендов времето ќе биде променливо и ветровито со повремено засилен ветер од северен правец  и со повремени локални послаби врнежи од дожд а на околните повисоки планини ќе врне снег.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени  а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 3 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 14 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде