Паѓа ли рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ? Погледнете ги резултатите од најновата анкета

Граѓаните и натаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, покажува најновот истражување на јавното мислење на мкд.мк и на агенцијата Маркет вижн за рејтинзите на политичките партии и на нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март.

Владејачката партија е веќе безмалку 2 години на власт, а нејзиниот рејтинг и натаму е висок во споредба со опозицијата.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, најголем дел од испитаниците немаат доверба во ниту еден од лидерите на политичките партии. Една четвртина од испитаниците – 25,2%, најголема доверба имаат во Христијан Мицкоски.

На лидерот на ДУИ, Али Ахмети му веруваат 5,6 отсто од испитаниците, а по него следува претседателот на Левица, Дмитар Апасиев со 4,2 отсто. Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче има доверба од 3,6 проценти од анкетираните.

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, 24 отсто од испитаниците одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нивниот избор. Втора партија е Вреди со 5,1 отсто доверба, па СДСМ о 4,9%, ДУИ 4,8%, Левица 3,1%, ЗНАМ 2,1… Од испитаниците 28,1 отсто одговорија дека нема да гласаат, а 9,7% одговорија дека не знаат дали ќе гласаат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде