На 28 март 2026 година, во 00:16 часот во СВР Охрид е пријавено дека на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на селото Врбјани,
настанал пожар во возило во движење, марка „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки.
– Возилото е во сопственост на фирма од Тетово, а било управувано од страна на 40-годишно лице од тетовското Ново Село.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а возачот и сопатникот, 29-годишно лице од тетовското село Голема Речица, се здобиле со повреди и им била укажана помош од Итна медицинска помош Охрид, информираат од СВР Охрид.

