Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Пообилни врнежи ќе има во среда и четврток.
Од овој бран локално се очекува да наврнат над 50 l/m². Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец, јавува УХМР.
Во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури.
Во Скопје, во следните три дена ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда попладне и во четврток. Потоа времето ќе биде претежно стабилно и потопло.

