34-годишен жител на Гостивар е лишен од слобода под сомнение дека го убил својот татко во семејниот дом, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, на 31 март околу 01:30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено сомневање за убиство во семејство. Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот, каде во куќа бил пронајден починатиот К.Д. (63) со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата.
Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“, од слобода бил лишен неговиот син М.Д. (34).
Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не бил пријавен кај надлежните институции.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна кривична пријава.

