Пратеник преминува во СДСМ – кој е тој?

Членот на Извршниот комитет на СДСМ, Андреј Жерновски, во поткастот „Претрес со Ландов“ најави дека партијата води разговори со пратеници за приклучување кон нивната пратеничка група во Собранието.

Во разговорот со новинарот Кристијан Ландов, Жерновски посочи дека СДСМ е во процес на „окрупнување“, најавувајќи дека наскоро може да има нови пратеници во нивниот блок.

„Колку што слушам, колку што читам, ние ќе се окрупниме денеска“, рече Жерновски, на што дополнително појасни дека станува збор за нови пратеници кои би се приклучиле.

На прашањето колку пратеници се во прашање, тој одговори: „Засега еден мислам дека ќе биде, потоа два и така натаму“, посочувајќи дека процесот е во тек и дека се водат разговори и со поранешни коалициски партнери.

На директно прашање дали евентуалните нови пратеници би можеле да дојдат од редовите на ЗНАМ, Жерновски не даде конкретен одговор, оставајќи простор за шпекулации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде