СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

СДСМ со остра реакција по изјавите од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека, како што велат, „лудилото нема крај“, откако според нив, од владејачката партија било изнесено тврдење дека поранешниот лидер Зоран Заев работи за нивни интереси.

„Што кажа денеска ВМРО-ОКГ? Дека „Филипче ја уништувал СДСМ по насоки на Заев“.

Лудилото нема крај.

-Дубаи, зграда од 42 спрата, Харис Џиновиќ, Венеција, Дубаи, Сент Мориц, Башановиќ, Африка, еден тон црни кампањи и јавен линч врз претседателот Филипче.

-Измислени афери, др Жан, Катица, Боки 13, штанцање негативни објави на 40% од медиумите на Орбан.

-Платформа на ВМРО за рушење на СДСМ од внатре со поединци како Шилегов и Депостовски.

-Лажни анкети.

-Секојдневни напади и небулозни прес конференции.

-Совети за „реформи“.

-Постојано, секој ден теми за дефокус, додека народот нема ниту за леб.

Сето ова за само 3 месеци.

Најблиските соработници на Мицкоски, македонскиот Мадуро -Ивона, Латас, Бетмен – кои деноноќно водат црни кампањи против СДСМ и Филипче, веќе не знаат што да измислат и излажат.

По сè, дојдовме до тоа и Заев да работи за ВМРО. Какво лудило.

Анкетите им удрија во глава, полудеа од рејтингот и популарноста.

А ние имаме „толку лош“ рејтинг што секој ден, по цел ден, се занимаваат со СДСМ“, велат од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде