Граѓаните во шок – лебот од 450 грама оди на 40 денари?

Дел од пекарниците во Прилеп и Битола од утре најавуваат зголемување на цената на белиот леб од 450 грама – од 35 на 40 денари, иако граѓани тврдат дека и пред 1 април веќе го плаќале по повисока цена, oбјави Телма телевизија.

Претходно поскапеа и зејтинот и јајцата, а според реакциите на граѓаните растат и цените на зеленчукот на пазарите, особено на пиперките и доматите.

Трендот на поскапувања создава дополнителен притисок врз домашниот буџет.

Според последните податоци на Сојузот на синдикати, потрошувачката кошничка за три месеци е зголемена за над 2.000 денари.

Меѓувреме, минималната плата е зголемена за 1.600 денари, но останува прашањето дали тоа ќе биде доволно за да ги ублажи растечките трошоци за живот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде