Страотна сообраќајка – две млади момчиња итно пренесени во болница

18-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат. Сообраќајката се случила вчера на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, а повреден е и сопатникот. 

– На 30.03.2026 во 07:50 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Богданци-Гевгелија, помеѓу крстосниците за селата Ѓавато и Богородица,

гевгелиско, патничко возило „форд фиеста“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(18) од Гевгелија, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди неговиот сопатник П.Ч.(18) од Гевгелија, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, информираа од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде