УЖАС: Ја тепала јатрвата и ја удирала со остар предмет по главата – уапсена 38-годишна жена

Вчера во 19:10 часот во село Сулдурци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ја лишиле од слобода А.К.(38) од истото село.

Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, таа во 17:18 часот отишла во дворното место на нејзината јатрава П.К.(46) во село Сулдурци и физички ја нападнала, удирајќи ја со остар предмет во пределот на главата.

П.К. била пренесена во Медицински центар Штип, каде и е констатирана телесна повреда, а А.К. е задржана во Полициската станица Радовиш.

Запознаен бил јавен обвинител, по чии насоки, по целосно документирање на случајот против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде