Акција на полицијата во 3:30 по полноќ – има уапсени

Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица лишија од слобода две лица од Струмица кои биле во бегство од затвор.

Станува збор за С.М. (31), осуден на казна затвор од пет години, и М.М. (38), осуден на казна затвор од четири години.

Двајцата претходно биле осудени за сторено кривично дело по член 236 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Лицата биле барани откако избегале од КПУ Затвор Струмица, а по нивното приведување се спроведени назад во установата за доиздржување на затворските казни.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека продолжуваат активностите за пронаоѓање и приведување на лица кои се во бегство од издржување затворски казни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде