Страотна сообраќајна несреќа: Две 6-годишни деца и двајца возачи повредени во соорбаќајка

Двајца возачи и две 6-годишни деца се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопско Студеничани. 

– На 31.03.2026 околу 09:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ќ.А.(42) од истото село и патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната Р.И., исто така од Студеничаи, соопштија од МВР. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „ауди“ и шестгодишен сопатник од патничкото возило „тојота“, додека со телесни повреди се здобиле друг шестгодишен сопатник од возилото „тојота“ и возачот Р.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, додаваат од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде