На 31.03.2026 во 17:37 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во куќа на ул.„Браќа Ѓиновски“ е пронајден починат С.Т.(73) од Гостивар, кој живеел сам.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство,
а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

