Власта само што објави: Овие граѓани да си ги проверат сметките – извршена е исплата

Во рамки на континуираната реализација на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, успешно е извршена исплата на вкупно 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи на овци низ државата.

Исплатата се однесува на мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци, која има за цел да го поттикне развојот на овчарството, да обезбеди стабилност на производството и да придонесе кон зголемување на конкурентноста на домашните сточари.

Со оваа финансиска поддршка, директно се помага на одгледувачите во одржување и проширување на нивните стада, подобрување на условите за одгледување, како и обезбедување поквалитетно и поконкурентно производство на овчо месо и други производи од овчарството.

Овчарството претставува една од клучните сточарски гранки во земјоделството, особено во руралните и планинските подрачја, каде што има значајна улога во економската активност и одржувањето на локалното население. Преку ваквите мерки, се обезбедува поддршка не само за индивидуалните земјоделци, туку и за целокупниот рурален развој.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува посветено на креирање и спроведување на политики кои ќе овозможат долгорочен развој, стабилност и одржливост на сточарското производство, со посебен фокус на овчарството како традиционална и економски значајна гранка.

Исплатата на субвенциите продолжува согласно предвидената динамика, со цел навремена и ефикасна поддршка на земјоделците.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде