Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала е регистриран вчера во Грција.

Потресот е почувствуван и во јужните делови на Македонија.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот на земјотресот е на неколку километри од македонско-грчката граница, во близина на регионот на Лерин на длабочина од околу 10 километри.

Граѓаните во Битола јавуваат дека потресот траел неколку секунди и предизвикал вознемиреност, особено кај жителите на повисоките катови во зградите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде