ТАЖНА ВЕСТ: По кратко боледување почина познатиот македонски доктор

По кратко боледување, на 63 годишна возраст синоќа почина д-р Стојо Бошкоски, интернист-ендокринолог.

Д-р Бошкоски, по потекло од Македонски Брод, со семејството се преселиле во Гостивар кога бил дете.

Завршил гимназија во Гостивар, а дипломирал Медицински факултет во Скопје, 1989 година.

Специјализирал интерна медицина со субспецијализација ендокринологија.

Од 1995 година работел во Општата болница во Гостивар. Од 2002-ра до 2005-та година, раководел со Ургентниот центар. Во 2009-та година се префрлил на интерното одделение и во кабинетот за дијабет.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде