Рано утринава, силно полициско присуство, специјалци на терен и координирана акција против нарко подземјето.
Неофицијално, МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско.
Порталот „Нетпрес“ пренесува дека на удар била криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со дрога, поточно кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу петнаесеттина локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.
Неофицијално, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови, меѓу кои се споменуваат Покрајчевалиев, Бојаџиски, Коцев, Веле викан „Бикот“.
Се очекува официјална потврда од институциите.

