Најмалку седум загинати во судар на минибус и мешалка за бетон во Турција

Најмалку седум лица загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа во која учествувале миксер за бетон и минибус во југозападниот дел на Турција.

Според првичните информации на државната новинска агенција Анадолија, во несреќата што се случила во Бурдур има и неколку повредени лица.

Засега остануваат нејасни причините поради кои двете возила се судриле на патот меѓу Испарта и Анталија.

Службите за итна помош веднаш биле испратени на местото на настанот за да им помогнат на настраданите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде