Тешка сообраќајка – има повредени

На 07.04.2026 во 17:20 часот во СВР Струмица е пријавено дека на делницата од с.Банско до с.Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу запрежно возило,

управувано од Б.Б.(74) од с.Муртино, струмичко и патничко возило „лада нива“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(52) од с.Банско, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Б., констатирани во болницата во Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде