Тешка сообраќајна несреќа – две лица итно пренесени во болница

На 8 април 2026 година, во 15:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат Струга-премин „Ќафасан“ се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

Во незгодата учествувало патничко возило марка „Ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 22-годишно лице од струшкото село Велешта, кое удрило во две паркирани товарни моторни возила – „Фиат“ со струшки и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки.

– Возачот на „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ Охрид, додека со телесни повреди се здобило уште едно лице, констатирани во Медицинскиот центар во Струга.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Струга, информираат од МВР. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде