Тешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

Вчера во 13:30 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на улицата „Бел камен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „лада нива“ со пехчевски регистарски ознаки,

управувано од М.А.(31) од Пехчево и патничко возило „газ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната М.А.Ј. од Пехчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Клиничка болница Штип.

Додека, со телесни повреди се здобила 68-годишна сопатничка Т.А. од возилото „газ“, констатирани во Општа болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде