Велика Сабота е еден од најмистериозните и најважните денови во православието. Додека Велики Петок е денот на страдањето, Велика Сабота е денот на тишината и исчекувањето.
Според православните учења, ова е денот кога телото на Исус Христос лежи во гробот, но Неговиот дух слегува во Адот (подземниот свет) за да ги победи смртта и темнината и да ги изведе праведниците во рајот.
Во православната традиција, овој ден се нарекува и „Тивка Сабота“ бидејќи целата природа и целиот свет замолкнуваат во очекување на чудото на Воскресението.
Ова е моментот кога светлината веќе ја победила темнината, но светот сè уште не го слушнал радосниот глас: „Христос Воскресе!“.
ШТО НИКАКО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ: Листа на забрани
Според православните традиции и верувања, постојат строги правила за тоа што треба да се избегнува на овој ден за да се зачува мирот во домот:
Без веселби и кавги
Строго е забрането пеење, играње и било каква бучна прослава. Ова е ден на молитва. Исто така, верувањето вели дека кој ќе се скара на Велика Сабота, ќе се кара цела година.
Забрана за тешка физичка работа
Секоја потешка физичка работа е строго забранета за овој ден. Но забранети се и бучни работи Не се работи на нива, не се цепат дрва и не се гради.
Без чистење и перење
Домот требало да биде исчистен до Велики Четврток. На овој ден не се пере облека и не се чисти со метла- се верува дека така се „фрла среќата“ од прагот.
Лов и риболов
Се смета за голем грев да се убива било какво животно на овој ден, бидејќи целата природа жали за Христа.
Интимни односи
Православните сопружници на овој ден треба да се воздржат од интимност, во знак на почит кон празникот.

