Мицкоски само што објави: Се намалува цената на горивата – еве за колку

Мицкоски најави намалување на цените на дизелот и бензините на следната седница на РКЕ.

Премиерот на прес-конференција во Владата соопшти дека останува и попустот од ОКТА од два денари за нејзините партнери.

Очекуваме на следната седница на РКЕ да се донесе одлука со којашто ќе имаме намалување на цените на дизел горивото и бензините и тоа ЕВРОСУПЕР 95 и 98 да бидат намалени за 1.5 денари, додека дизелот да биде намален за 2,5 денари, соопшти Мицкоски.

Тој додаде дека Македонија навремено и сигурно ги обезбедува потребните количини на енергенси за своите граѓани и повтори дека продолжува трендот каде граѓаните од соседните земји полнат гориво во пограничните места во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде