Првични резултати од изборите во Унгарија – Виктор Орбан губи

Во Унгарија почнаа да пристигнуваат првите резултати од парламентарните избори кои може да ја завршат 16-годишната власт на премиерот Виктор Орбан.

Според првичните податоци, со обработени околу 6,56% од гласовите, опозициската партија Петер Маѓар и неговата партија Тисза водат по број на освоени мандати.

Распределба на мандати (првични резултати)

  • Тиса: 110 мандати (39 од листа, 71 поединечно)
  • Фидес–КДНП: 71 мандат (45 од листа, 26 поединечно)
  • Ми Хазанк: 9 мандати

Вкупно во парламентот се избираат 199 пратеници.

Изборите се одбележани со историски висока излезност. До 18:30 часот гласале околу 77,8% од гласачите, што е значително повеќе од претходните избори во 2022 година. Аналитичарите оценуваат дека високата излезност не оди во прилог на владејачката партија на Виктор Орбан.

Изборите во Унгарија се следат внимателно и во Европска унија и во САД, бидејќи можат да влијаат на односите со Русија и на пошироките политички движења во Европа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде