Во претходните денови се појави приказна за вистинско чудо кое пред Велигден се случило во манастирот Острог во Црна Гора.
На социјалните мрежи една жена сподели неверојатно искуство додека со семејството чекала да се поклони пред моштите на Василие Острошки.
„Стоевме во ред неколку часа, а пред нас поминаа момче, девојка, мало девојче и уште една девојка со патерици која тешко се движеше. Тие заедно ги бакнаа моштите на светецот.
Потоа девојката која едвај одеше, ги остави патериците и продолжи да се движи. Беше премногу среќна и плачеше од среќа“, раскажува жената.
Ова чудо во манастирот Острог не е ниту првото ниту единственото што се случило под стрмните карпи.
Многумина пронашле спас, лек и утеха тука, а приказната сè уште е жива за тоа како едно бебе кое паднало од манастирската карпа преживеало, а самиот Василије Острошки го спасил.

