Трагедија го потресе регионот, убиено 22-годишно момче

Телото на млад човек (22), кој беше убиен, беше пронајдено во недела, 12 април, околу 23 часот во областа на плоштадот Шестински во Загреб, а се сомнева дека е од Босна и Херцеговина, јавуваат хрватските медиуми.

Убиениот млад човек, според медиумите, се третира како непознато лице, но според некои индиции, би можел да биде дваесет и двегодишниот М.П. од Босна и Херцеговина.

Тој е убиен со најмалку два истрела во главата и градите, во деловна зграда во која се сместени билијард маси и слот машини.

Ќе следи обдукција во Институтот за судска медицина и криминологија, каде што е транспортирано телото.

Полицијата се сомнева дека станува збор за насилна смрт, а лицето поврзано со неа е под полициски надзор. Мештаните велат дека ова не е прв пат полицијата да дојде во овој објект.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде