Во петок во Македонија на 17 април 2026 сеуште ќе има услови да имаме локална појава на краткотраен дожд проследен со ретки грмежи а потоа за време на викендот сабота и недела 18/19 април 2026 под влијание на стабилна,
сува и на релативно топла воздушна маса од југ ќе имаме повеќе сонце и вистински пролетни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени а во Повардарието и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до а има услови и да надмине 25 степени.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период температурата ќе се искачи до околу 25 степени.
Наутро пак температурата во Македонија ќе се спушта во интервалот од 7 до 15 степени а во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 11 степени. Малку пониски утрински температури но сепак насекаде позитивни и над нулата ќе имаме во недела на 19 април 2026 кога тие ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината тогаш температурата ќе се спушти до околу 7 степени.
Да напоменам дека во петок на 17 април 2026 како и за време на викендот сабота и недела 18/19 април 2026 ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Метео прогноза на Славчо Попоски

